Гордана Силјановска имаше собраниско деби на говорницата: Џафери, доволни ти се 19 години во Собрание
Гордана Силјановска Давкова денеска дебитираше на собраниската говорница како пратеник од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и му порача на претседавачот со седницата за избор на спикет на Законодавниот дом, Талат Џафери, дека доста му се 19 години минати во Собранието, пренесе Фактор.
„Џафери е во Собрание 19 години и тоа е предолго, затоа сум за лимитирање на мандатите“, рече поранешниот кандидат за претседател на Македонија.
Таа порача дека министрите не можат да бидат истовремено и пратеници и функционери во Влада.