По одмор во Грција момче од Србија е во вештачка кома поради бактерија
Осумгодишно момче од Србија, кое било на одмор во Грција со своите родители, итно било префрлено во болницата „Ипократиј“ во Солун откако било заразено со опасна бактерија.
Неговата состојба е исклучително тешка – бактеријата го нападнала мозокот и белите дробови, а лекарите биле принудени да го стават во вештачка кома.
Животот на детето е во опасност.
Родителите се очајни и сакаат да бидат со својот син, но итно им било потребно сместување во близина на болницата.
Фејсбук страницата „Greece Live“ покрена апел за помош за ова семејство, наведувајќи дека им е потребен стан за десет дена од нивниот престој во Солун.
Благодарение на брзата реакција на луѓето, пронајдено е сместување, а родителите ќе можат да останат со своето дете.
Сè уште нема официјално соопштение или потврда за неговата состојба.