По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“
На граничниот премин „Богородица“ се чека од 20 до 30 минути, а на ГП „Табановце“ чекањето е од половина час до 40 минути, информира АМСМ во пладневниот извештај.
Автомотосојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти Автомотосојузот.