Фицо подготвен да се сретне со Мерц „за да го решат прашањето за санкциите против Русија“

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека е подготвен во секое време да се сретне со германскиот канцелар Фридрих Мерц за да ги решат прашањата околу 18-от пакет санкции против Русија.

Во објава на социјалните мрежи, како одговор на повикот на Мерц до словачката влада да престане да го блокира усвојувањето на пакетот санкции, Фицо изјави дека „словачката влада е подготвена да го поддржи овој сет санкции – дури и ако неговото усвојување нема да ја промени воената предност или економските перформанси на Руската Федерација“.

– Меѓутоа, Словачка прво мора да добиеа јасни гаранции, а не само политички ветувања, дека нејзината енергетска безбедност и пристапот до енергија нема да бидат загрозени од идеолошкиот предлог на Европската комисија за забрана на увоз на руски гас почнувајќи од 1 јануари 2028 година, истакна Фицо.

Back to top button
Close