Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради
Ако функционира државата, градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да започнат со уривање на оние 150 бесправно изградени згради, една по една.
За тоа не им треба ни судска пресуда, бидејќи градежната инспекција има право да издаде налог за уривање. Ни жалба, ни тужба не го одложува извршувањето, што е на трошок на сопственикот. Само судот има право да изрече времена мерка за стопирање, но зошто би изрекол, кога нема основа за тоа?
Само така ќе исчезне сета сила на оние насилници коишто се поставиле над институциите на државата. Самите измамени граѓани ќе им пресудат.
Канцерот веќе метастазира и доколку веднаш не се отстрани, ќе ја уништи целата држава.
Извор: infomax.mk