Град Скопје: МВР сечеле и лепеле за да прикажат дека Арсовска го тепала командантот на ОВК
Град Скопје обвинува дека по нападот врз градоначалнилката и вработените од град Скопје, МВР доказниот материјал прибавен службено, наместо да го достават до Јавното обвинителство го лиферувале по медиуми.
-Доказниот материјал кој единствено е во посед на МВР го сечеле, лепеле и монтирале со цел да прикажат дека градоначалничката на град Скопје нападнала и тепала командант на ОВК, а го објави по најава на министерот Тошковски, пратеничка на Вреди во Собранието на Република Македонија. Фактот дека доказите од настанот се лиферувани во јавност од единицата ЕУМНА при МВР, кои единствени ги имале во постапката добиено како доказ од градоначалничката укажува дека МВР е претворено во партиски штаб на Вреди и ВМРО, за што ќе бидат поднесени и соодветни пријави -велат од Град Скопје.
Извор: slobodenpecat.mk