Тошковски ја искористува забраната за движење во шуми за да го разбие протестот со кој се штити Дошница

Тошковски ја искористува забраната за движење во шуми за да го разбие протестот со кој се штити Дошница, реагира пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, кој е заедно со граѓаните на протестот.

– Министерот, Панче Тошковски, денес на Кожуф испрати полиција со цел да ја искористи забраната за движење во шуми за да го разбие протестот со кој се штити Дошница.

Министре,

Член 21, ст. 2 од Уставот вика дека право на протест може да се ограничи само во воена или вонредна состојба. НЕ и во кризна состојба!

Вонредна состојба прогласува Собранието, а таква во Собранието не е прогласена!

Тој што ќе проба да го разбие протестот на Кожув под изговор дека тие што протестираат немаат дозволи за движење во шума ќе направи кривично дело “Спречување или смеќавање јавен собир” казниво по член 155 од Кривичниот законик.

12.06.2025, ШЕСНАЕСЕТТИ ДЕН БЛОКАДА НА КОЖУФ. – напиша Јанчев на Фејсбук.

Извор: infomax.mk

Back to top button
Close