Водовод повторно алармира за енормно зголемена потрошувачка на вода во Скопје


Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ алармира дека во главниот град Скопје продолжува негативниот тренд на енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на вода на дневно ниво, што пак директно предизвикува нарушување на стабилноста на системот. Оттаму велат дека како последица на огромната потрошувачка, градскиот водоводен систем работи со намален притисок и со повремени прекини на вода во одредени делови на градот и оти стаблизирање на системот, се очекува во периодот по 23 часот.

„Имајќи го предвид фактот дека градот Скопје се снабдува од природен извор со ограничени количини вода за пиење од непроценлива вредност, апелираме до сите граѓани на градот Скопје за рационална и совесна употреба на водата за пиење, како и избегнување непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени и сл. Воедно и апелираме до органите на локалната самоуправа, согласно надлежностите, преку службите со кои располагаат, како и преку месните заедници на територија на општините, да се ангажираат во подигање на свеста кај жителите на општините за рационално користење на водата за пиење“,велат од јавното претпријатие.

Дополнително, апелираат до граѓаните на Скопје да пријават доколку забележат див приклучок, оти со нив се нанесува директна штета за водоснабдување и квалитетот на снабдувањето до сите жители на градот

Back to top button
Close