Уставниот суд на 2 декември ќе избира нов претседател

Функцијата претседател на Уставниот суд на Костадиновски му завршува во јануари догодина

На седница на Уставниот суд закажана за 2 декември ќе се бира нов претседател на Судот. За ова денеска информираа оттаму и рекоа дека актуелниот претседател Дарко Костадиновски, на колегиум одржан на 2 ноември, ги известил судиите за динамиката на состаноците и седниците. Меѓу нив било и за изборот на нов претседател на Уставниот суд, на седница која ќе биде одржана на 2 декември.

 

Инаку, мандатот на претседателот на Уставниот суд трае три години без право на повторен избор и тој се бира од редот на судиите. Костадиновски на оваа функција беше избран на 4 јуни 2024 година, а претходно на 11 јануари 2018 година е избран за уставен судија.

 

Согласно Уставот, мандатот на судиите во Уставниот суд трае девет години без право на повторен избор. Во случајот на Костадиновски, бидејќи тој е во Уставниот суд од јануари 2018 година, со истекот на неговиот судиски мандат во јануари 2027 година автоматски престанува и неговата функција претседател на Уставниот суд.

Костадиновски за уставен судија беше избран на предлог на тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов

Back to top button
Close