Тројца лекари во Полска осудени на затворски казни поради смрт на бремена жена – одбиле да извршат абортус што можел да ѝ го спаси животот

Тројца лекари од Полска се осудени на затворски и условни казни поради смртта на трудница која починала како резултат накомпликации при бременост, откако медицинскиот тим одбил да изврши абортус што можел да ѝ го спаси животот.

Случајот, кој датира од 2021 година, се случил во градот Пшчина, недолго откако Полска ги заостри законите за абортус, кои се меѓу најрестриктивните во Европа.

Пресудата предизвика големо внимание во јавноста и повторно ја разгоре дебатата за правата на жените и пристапот до безбеден абортус. Весникот „Газета Виборча“ ја нарече оваа пресуда „пресвртница во историјата на борбата на полските жени за своите права“. Активистите од движењето „Женски штрајк“ изјавија дека, според нивното знаење, ова е првпат некој во Полска да биде казнет за ваков случај.

Според обвинителите, лекарите одбиле навремено да интервенираат, иако било јасно дека плодот нема шанси за преживување, со што ја довеле жената во животозагрозувачка состојба.

Back to top button
Close