Кај учесник на протестите за „Монструм“ и на друга локација пронајдени се оружје и мобилни уреди

По претходно обезбедените податоци на Агенцијата за национална безбедност, во координација со Министерството за внатрешни работи, а по наредба на обинител денеска е извршен претрес на дом и други простории на две локации во Скопје.

При претресот се пронајдени и одземени огнено оружје и мобилни уреди, кои ќе бидат предмет на понатамошна форензичка анализа.

– Лицата кај кои беше извршен претрес се веќе познати на Агенцијата за национална безбедност и органите на прогонот поради нивни претходни против уставни активности. Едниот од нив има и одлежана затворска казна поради учество во насилните протести поврзани со случајот „Монструм” – информираат од АНБ.

Back to top button
Close