„Жолтите комбиња“ се вратија, ВМРО-ДПМНЕ измислува „теории на заговор“ за да дефокусира – велат од СДСМ

Жолтите комбиња од времето на Никола Груевски се вратија, се вели, меѓу другото, во реакцијата на опозицискиот СДСМ на наводите што денеска ги изнесе нивниот политики опонент ВМРО-ДПМНЕ за наводна координирана операција насочена против државата, Владата и премиерот Христијан Мицкоски.

Фотоколаж: „360 степени“

Од опозиската партија, која, условно кажано беше обвинета дека има улога во овие случувања, велат дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени во скандали, криминали или кога ќе доживеат дебакл на меѓународна сцена измислуваат „теории на заговор“ за дефокус од нивната неспособност.

„ВМРО-ДПМНЕ нема одговор за криминалот, за неспособноста, за разочарувањата што им ги приредија на граѓаните, за неисполнетите ветувања. Затоа е оваа параноја и измислени фантазии“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Наводите за операција која се спроведува со класични хибридни методи, денеска на прес-конференција ги соопшти пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кој кажа дека зад сите овие активности стојат стуктури на бугарските служби и блиски кругови до националистичките партии.

Според него, оваа операција немала идеолошка основа, туку била мотивирана од ревашизам по поразот на Бугарија на Комитетот за надворешна политика при Европскиот парламент каде помина извештајот за земјва со референци за македонскиот јазик и идентитет. Сепак, Лефков не спомена дека извештајот на пленарната седница на Европскиот парламент беше изгласан откао претходно со амадмани беа остратенти „македонски јазик“ и „македонски идентитет“.

На овој момент се осврнуваат од СДСМ, од каде велат дека единствени кои веќе нанесоа штета и веќе одработија против македонските интереси се ВМРО-ДПМНЕ и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Затоа, после дебаклот во Европскиот парламент и блокадата на европскиот пат, секоја прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ станува театар на апсурдот. Време е ВМРО-ДПМНЕ да се спушти на земја. Македонија не е филм, туку држава со напатени граѓани со реални проблеми кои бараат реални решенија. Граѓаните не се наивни, жолтите комбиња можеби се вратија, ама граѓаните доверба во вакви будалаштини никогаш нема да имаат“, велат од опозициската партија.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close