(ВИДЕО) Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг во Косово
Маж испука рафал од калашников по кавга за паркинг во Косово. Инцидентот, кој се случил на паркингот на компанијата во среда наутро, бил снимен од надзорна камера. Локалните медиуми јавуваат дека драмата започнала кога вработените го замолиле мажот повторно да го паркира автомобилот. Мажот си заминал, но подоцна се вратил со квадбајк со калашников од која пукал во воздух.
Потоа избегал, но полицијата го пронашла еден ден подоцна и го привела. Осомничениот бил испрашуван по наредба на надлежниот обвинител. На местото на инцидентот се пронајдени многу докази.
Компанијата пред која се случил инцидентот сè уште не дала коментар, објави Телеграф.