ВИДЕО: Успешно заврши акцијата за извлекување на повредениот планинар на Пелистер
Успешно заврши акцијата на Дирекцијата за заштита за спасување и на Министерството за внатрешни работи за извлекување на планинар со скршеница на ногата од непристапен терен на планината Пелистер.
За епилогот на акцијата попладнево преку објава на својот фејсбук-профил информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој напиша дека во неа од страна МВР учестувале тројца припадници на Одделот за воздухопловни единици и четворица припадици на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.
Анлегов информираше дека денеска претпладне до местото оддалечено беше упатена екипа од тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување со задача да го имоблизираат повредениот планинар, да го подготват и да го пренесат на отворено место, бидејќи локацијата каде се наоѓал била оддалечена неколку часа одење пеш од последната позиција до која може да се стигне со возило.
По преземањето на сите мерки, од фотографиите и видеата што ги споделија од двете институции се гледа како планинарот на носилки го пренесуваат до хеликоптерот на МВР за транспорт до здравствена установа за натамошна лекарска помош.