Лефков: Структури од СДС за пари одработуваат за бугарската антимакедонска пропаганда, целта е напад на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

„Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв.
Ова што го зборуваме, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС. Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања“ изјави Лефков.
Целта на напад, како што вели е да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се и пари.
Тој ја обвини СДСМ дека се обидува да се наметне како фактор во целиот процес, од кој подоцна, вели дека би зависела надворешната политика на државата.