Пронајдено е безживотно тело во близина на охридски хотел

Доцна попладнево, на пешачката патека меѓу хотелот „Инекс“ и излезот кон плажата во Охрид, е пронајдено безживотно тело на маж.
Според првичните неофицијални информации, лицето е идентификувано и се работи за маж кој имал здравствени проблеми. Се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар.
Локацијата на која е пронајдено телото се наоѓа во непосредна близина на претседателската вила. Местото е обезбедено, а полициски екипи вршат увид.