Мафијашките пресметки го примораа претседателот на Црна Гора, да свика итна седница на Советот за национална безбедност

По серијата убиства и пукотници во кои беа вклучени членови на мафијашки кланови што се случија во Црна Гора во претходните неколку дена, се огласи претседателот на оваа земја, Јаков Милатовиќ.

Photo: R.R./ATAImages

Меѓу другото, Милатовиќ изјави дека донел одлука за свикување итна седница на Советот за одбрана и безбедност на Црна Гора.

„Седницата ќе се одржи во најкраток рок предвиден со закон. Покрај членовите на Советот – претседателот на Собранието и премиерот, на седницата ќе бидат поканети и претставници на Владата чија надлежност се безбедносните служби, како и раководителите на клучните безбедносни институции – Управата на полицијата и Агенцијата за национална безбедност“, рече тој.

Тој објасни и што ќе побара од институциите.

„Детален увид во моменталната состојба, јасни, решителни и веднаш применливи мерки за зачувување и заштита на јавната безбедност“, објасни тој.

Конечно, рече дека сите мора да ја разберат сериозноста на ситуацијата.

„Граѓаните мора да имаат чувство дека државата стои зад нив – силно, организирано и без двоумење. Поради сериозноста на ситуацијата, очекувам присуство на сите поканети членови и учесници на седницата“, заклучи тој.

Патем, Милатовиќ се огласи откако вчера во Подгорица беше убиен Иван Милачиќ, член на кланот Шкаљар. Малку порано беше убиен Игор Недовиќ, кој е исто така член на мафијашки кланови, а минатата недела во Барселона беше убиен Филип Кнежевиќ, кој е исто така поврзан со членови на кланот Кавак.

Back to top button
Close