Долги колони и чекање на Богородица и Евзони: За влез во Грција се чека и по три часа

Долги колони возила и значителни задржувања се бележат денеска на граничниот премин Богородица, како и на грчкиот Евзони, каде што за влез во Грција се чека и по повеќе од три часа.

Според информации од возачи кои се наоѓаат на граничниот премин, задржувањата на македонска страна изнесуваат околу 45 минути, додека најголемите гужви се на грчка страна, каде колоните се движат бавно, а чекањето достигнува и по повеќе од два часа.

Големиот метеж е резултат на засилен туристички сообраќај кон летувалиштата во Грција, типичен за викендите и за време на годишните одмори. Освен македонски граѓани, на граничниот премин се присутни и бројни туристи соседството.

фото: Скопје1

Back to top button
Close