Охриѓанка возела мопед со 2,23 промили алкохол во крвта – паднала и се повредила

МВР информира дека рано утринава во 01.45 часот, на улицата Гоце Делчев“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода 44-годишната М.М. од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди.

Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои пристигнале на местото на настанот, а било утврдено дека има 2,23 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close