Арсовска на ФБ: Зошто 5 месеци храбро го бранат комитата Висар Ганиу – си продолжува градењето, крадењето и нормално лажењето

Скопската градоначалника Данела Арсовска со нови обвинувања кон дел од градоначалниците од редовите на ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ.

Таа на својот Фејсбук профил објави фотографија од градоначалниците на Чаир, односно Кисела Вода – Висар Ганиу и Орце Ѓорѓиевски и коментираше зошто, според неа, се уште нема покренато обвинение против дивоградбите во општина Чаир.

-Зошто 5 месеци храбро го бранат комитата Висар Ганиу во една слика. Во меѓувреме си продолжува градењето, крадењето и нормално лажењето. Плаќајте вие даноци и скенирајте сметки, за да има комшијата гратис вода и струја. Наздравје кафето и убава работна недела – пишува Арсовска.

Градоначалничката минатата недела побара од шефот на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција – Ислам Абази да реагира и да постапи по доставените докази за криминал во урбанизмот на Чаир.

Back to top button
Close