Мециновиќ за Мицкоски: Соучесник и протагонист си во сите корозивни процеси изминатите 10 години, а глумиш дека си решение за нивно надминување

Амар Мециновиќ – пратеникот од Левица со свој коментар за кампањата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски – „Доаѓа времето на Македонија, ги градиме темелите на промените!“.

Мециновиќ вели „пример, замисли да си ДПМНЕ, и да не си само година дена на власт, туку цели четири, од кои три во кохабитација со СДС во многу љубов и разбирање“.

-И пример, додека си соучесник и протагонист во сите корозивни процеси во изминатите 10 години, навикнат си додека го поткрепуваш статус-квото да глуматаш дека ти си решение за негово надминување. И после долго глуматање – финале во кое сам себе си опозиционираш. Нагласувајќи дека доаѓа некое ветено време, додека си веќе на централна власт, и во пред-кампања за локални ќе градиш темели на промени во општините каде веќе владееш четири години – вели пратеникот

Back to top button
Close