Мециновиќ: Се движиме кон хуманитарна и социјална катастрофа со овие економски политики на Владата!

На денешната собраниска седница за ребалансот на Буџетот за 2025 година, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, изнесе критика на владиниот пристап кон економското управување и социјалната реалност во државата. Мециновиќ говореше од личен и човечки аспект, ставајќи акцент на последиците од буџетските политики врз секојдневниот живот на граѓаните и масовното иселување кое станува сѐ позасилена и потрагична појава.

Во говорот тој нагласи дека ребалансот не претставува вистински одговор на економските и социјалните предизвици со кои се соочува државата, туку е продолжение на долгогодишна политика на прилагодување на буџетот според интересите на политичко-економската бизнис елита. Мециновиќ се спротивстави на реториката за „економска стабилност“, укажувајќи дека зад тие флоскули се крие системска немоќ да се задржи младоста и трудољубивоста во земјата.

Тој го критикуваше и целосното игнорирање на опозицијата во процесот на креирање на ребалансот, посочувајќи дека власта го користи буџетот како алатка за предизборна мобилизација и како да е нивни. личен, домашен буџет, а не како инструмент за јавен интерес.

Back to top button
Close