ЕМОФ 2025: Македонските репрезентации поразени во разигрувањето од 5. до 8. место

На претпоследниот натпреварувачки ден на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје, македонските репрезентации претрпеа порази во разигрувањето од 5. до 8. место.

Кошаркарите загубија од Словенија со 57:87, додека кошаркарките беа поразени исто така од словенечката репрезентација со 32:103. Кошаркарите денес ќе играат со Летонија за 7. место, додека девојките во борба за седмата позиција ќе се сретнат со Летонија.

Македонските ракометари загубија од Португалија со 30:31 во плејоф фазата за борба од 5 до 8 место, додека ракометарките претрпеа пораз од Португалките со 18:39. Во битка за седмото место, момчињата ќе играат утре против Норвешка, додека девојките ќе се борат за седмата позиција со Финска.

Одбојкарите доживеаја пораз од Чешка со 0:3, додека младите македонски одбојкарки беа поразени од Германија со максимални 0:3. Во битка за седмата позиција, момчињата утре ќе ги одмерат силите со Финска, додека девојките ќе играат против Хрватска.

Во рамките на атлетските натпревари на националната арена „Тодор Проески“ се одржаа некои од најочекуваните финалиња на фестивалот. Полина Џерожинска од Украина со фантастично фрлање од 71.50 метри, освојувајќи злато во дисциплината кладиво, додека Мина Хирсбруннер од Швајцарија доминираше во фрлање диск со 58.20 метри.

Во трката на 2.000 метри со пречки во женска Клементина Бајл од Белгија победи за само дел од секунда со време од 6:31.29. Финалињата во спринт донесоа уште повеќе адреналин – Маргарита Кастелани од Италија триумфираше во трката на 200 метри со 23.23 секунди, додека Нино Радосављевиќ Кушљиќ од Шведска доминираше на 200 метри со 21.09 секунди.

Џудистката од Србија, Александра Андриќ забележа убедлива победа во категоријата -70 кг (девојки), додека Мајус Генис од Литванија беше супериорен во финалето -90 кг. Франција доминираше во тешките категории, со златни медали од Ема Феје Нгимго (+70 кг, девојки) и тактичка победа на Даниел Чермак од Унгарија во категоријата +90 кг (машки).

Во стрелаштво, финалето во дисциплината 10м воздушен пиштол – двојки беше крајно неизвесно, но тимот на Молдавија успеа да го совлада Азербејџан со 21:19. Во 10м воздушна пушка – двојки, НОК Белорусија за нијанса беше подобра од Унгарија со 21–20, во еден од најдраматичните моменти на денот.

Олимпискиот базен во Скопје беше сцена на тесни победи и национални прослави. Лука Маринеску од Романија прв доплива во трката на 200м слободно (машки), додека Изабел Наѓ Бенедек од Унгарија триумфираше на 100м градно (девојки). Максим Малишка од Белорусија беше најдобар на 100м градно во машка конкуренција, а Шпанката Ирене Сиерколес Галве настапи одлично на 100м грбно. Во последната трка за денот, Макар Јахно од Украина го освои своето второ одличје на фестивалот во дисциплината 400м мешано со време од 4:31.25.

Back to top button
Close