Апасиев го тужи Гаши

Лидерот на Левица – Димитар Апасиев кој воедно е и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, вчера поднел тужба до Управниот суд против Собранието и претседателот на парламентот, Африм Гаши.

Повод за оваа тужба, како што се наведува во информацијата од Левица, е неделовничко и противзаконско поништување на уредно закажаната Надзорна расправа за трагедијата во Кочани, која требаше да се одржи на 8 јули годинава.

Денес поднесов ТУЖБА до Управниот суд против Собранието на РМ и спикерот Африм Гаши – за противзаконското поништување на Надзорната расправа за #Кочани (која требаше да се одржи на Постојаната анкетна комисија со која раководам)“ – напиша Апасиев на Фејсбук.

Back to top button
Close