Лишени од слобода возачи од Македонска Каменица, Виница, и Кочани кои управувале возила под дејство на алкохол

Рано утрово во 03.20 часот на улицата „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Р.А.(28) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „ауди“, управувано од Р.А. и било утврдено дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2.04 промили алкохол во крвта.

Исто така во Македонска Каменица, на 24 јули во 23.02 часот на улицата „Гоце Делчев“ полициски службеници го лишија од слобода Т.Г. (49) од село Жиганци, општина Чешиново-Облешево, затоа што управувал патничко возило „шкода“ под дејство на алкохол, односно имал 1,55 промили алкохол во крвта.

Дваесет минути по полноќ денеска на улицата „Искра“ во Кочани, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.К.(21) од Кочани, кој управувал патничко возило „сузуки“ со 1,56 промили алкохол во крвта, утврдени при контрола во патниот сообраќај.

Како што се наведува во соопштението од полицијата, исто така денеска, во 02.10 часот во Виница, полициски службеници го лишија од слобода Т.Л.(33) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека Т.Л. управувал патничко возило „голф“ со 1,57 промили алкохол во крвта.

Лицата се веднаш исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Back to top button
Close