Албански државјани извршиле обид за поткуп на граничен премин „Ќафасан“

Вчера во 12:25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки „Ќафасан“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад, ги привеле албанските државјани Д.К.(35) и Е.А.(22).

Како што информираат од МВР, при преземање службени мерки за гранична проверка при излез од државата, Д.К. во своите сообраќајни документи ставил пари, кои потоа му ги приложил на полицискиот службеник. По консултација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close