Миа откри детали за состојбата на Панчо по трагедијата во Кочани: Физички е подобар, но психички сè уште се работи со него!

Познатата инфлуенсерка и ТВ водителка Миа Костова, во своето гостување во емисијата „Претрес со Ландов“, зборуваше отворено за здравствената состојба на музичарот и продуцент Владимир Блажев – Панчо, кој сè уште се наоѓа на болничко лекување во клиничката болница „Аџибадем Систина“.

„Имам информација дека е многу подобар физички. Како и за сите повредени во трагедијата во Кочани, и за него ќе биде потребно многу време за да заздрават изгорениците, особено на рацете. На едната рака закрепнувањето оди побавно. Психички сè уште се работи со него. Голем тим од психолози и психијатри се ангажирани и верувам дека наскоро ќе го очекуваме да излезе од болница“, изјави Костова.

Таа откри и дека Панчо бил во кома и дека за загубата на неговиот пријател Андреј дознал дури неколку дена по несреќата.

„Долго време не беше ни свесен, беше во кома. И самото соопштување за загинатите не оди лесно, тоа не е како да му кажеш некоја обична вест. Му треба време на човек да го прифати тоа. Лично не сум го слушнала досега, иако се знаеме повеќе од 25 години“, додаде таа.

Back to top button
Close