Берово со најмногу нови Ковид-19 случаи на крајниот Исток

– Берово е новото жариште на коронавирус, откако по вчерашните осум случаи, денес се регистрирани девет нови случаи на Ковид-19. Поради долгото процесирање на резултатите на тестовите на социјалните мрежи со свои реакции излегоа неколку пензионирани лекари, кои велат дека е потребен пункт со поголем капацитет за тестирање.

-Тестирањата во Берово се праќаат во Центарот за јавно здравје во Кочани, а резултатите од недела на пример се соопштуваат доцна. Во меѓувреме луѓе со симптоми се рашетуваат по Скопје за да се тестираат. Пункт со поголем капацитет е неопходен. Берово може да ја реши ситуацијата  полесно од Дебар само треба засукување на ракавите и добра организација, вели во својата објава на фејсбук поранешниот лекар Нада Аџиска.

Во Малешевијата денес освен девет нови позитивни случаи во Берово регистриран е и еден позитивен пациент во Пехчево. Во двете општини во моментот има 28 активни случаи на Ковид-19.

Во соседните општини денес има четири нови случаи со Ковид-19, од кои три во Делчево и еден во Македонска Каменица. вс/вј/

Back to top button
Close