Мицкоски: Огнена стихија има секаде во Европа и нема авиони за гасење

Иако деновиве и официјално беше активиран европскиот механизам за заштита во обид да добие меѓународна помош за справување со пожарите, се чини малку може да се надеваме дека може да добиеме некаква помош. Пожари беснеат и во другите земји и мораме да се потпреме на сопствените сили, рече премиерот Христијан Мицкоски, според кого состојбата со пожарите во земјава е главно под контрола.

-Имајте предвид дека ваков тип на огнена стихија има насекаде во Европа, зборам во медитеранскиот дел, во Грција има жртви, огромни пожари, цели населби се зафатени, во Турција исто така има жртви и повредени. Така што во овој момент нема слободни воздухоплови кои што би биле дел од тој ЕУ-механизам, кој што би помогнал така што во моментот повеќе од 200-тини припадници на Армијата се на терен, полициските службеници ги возат оние специјални возила БТР и пиц-гауер и хермелини, вели премиерот Христијан Мицкоски

Back to top button
Close