Али Ахмети на 2-ри септември ќе сведочи пред Специјалниот суд за воени злосторства во Косово

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како што информираат од неговиот кабинетот за ТВ21, се очекува да го даде своето сведоштво за 10 дена пред меѓународните обвинители на Специјалниот суд, за воените злосторства во Косово.

Извори од кабинетот на Ахмети објаснуваат за ТВ21 дека лидерот на ДУИ се очекува да замине во Приштина за да сведочи за неговата улога во ОВК.

Од кабинетот за ТВ21 велат дека на 2 септември е предвидено Али Ахмети да отиде во Приштина за да сведочи, а меѓународните обвинители побараа од Ахмети да биде два дена на располагање на обвинителите за да сведочи.

Back to top button
Close