Украинскиот Генералштаб: Русија досега загубила 1.053.260 војници

Тоталните загуби на жива сила, поради смрт или онеспособеност, на руските сили од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до 31 јули 2025 годинa, изнесуваат 1.052.260 луѓе, вклучително 1.070 од нив што се елиминирани во последните 24 часа, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на Украина на Фејсбук.

=EPA-EFE/SERGEY SHESTAK

До 25 јули, пак, украинските сили уништиле:

11.067 тенкови
23.066 наоружани борбени возила
30.911 артилериски системи
1.451 повеќецевни ракетни лансери
1.203 системи за противвоздушна одбрана
421 авион
340 хеликоптери
48.894 тактички беспилотни летала
3.548 крстосувачки ракети
28 бродови или борбени чамци
1 подморница
56.822 возила и камион-цистерни
3.935 парчиња специјална опрема на руските Вооружени сили, набројува Генералштабот на Вооружените сили на Украина.

Back to top button
Close