СДСМ: Мотивите на Ралев во политиката биле на ниво на личен пазар
Опозицискиот СДСМ вели дека нема зошто да го толкува приклучувањето на архитектот Мишко Ралев, поранешен функционер на СДСМ и еден од кандидатите за скопски градоначалник од редовите на оваа партија, во тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски. Сепак, од партијата оценија дека се работи за личен пазар.
„Дилови со Орце Ѓорѓиевски, кој е клсичен избор на партиската олигархија на ВМРО-ДПМНЕ, ние нема зошто да толкуваме. Може само да констатираме дека за жал станува очигледно дека мотивите за неговиот ангажман во политиката биле на ниво на личен пазар“, велат од СДСМ.
Претходно, Ѓорѓиевски објави фотографија со Ралев, посочувајќи дека тој се приклучува неговиот тим за „поубаво Скопје“.
„Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас, истакна тој.
Инаку, Ралев своевремено беше дел од Извршниот одбор на СДСМ и важеше за еден од најсериозните кандидати за градоначалник на СДСМ на претстојните локални избори.
На крајот, СДСМ одлучи за оваа функција да ја кандидира Каја Шукова, а Ралев стана дел од тимот на нејзиниот противкандидат Ѓорѓиевски