Нов светски пинг понг настан во Скопје

По четврти пат пинг понгарската федерација на Македонија ќе биде организатор на светскиот натпревар од серијата World Table Tennis (WTT) и тоа од групата на ѕвездите, односно т.н. Star Contender. Настанот ќе се одржи од 5 до 7.септември.

Првичните пријави најавуваат многу возбудливи натпревари и дополнително подигнување на нивото на настанот на светско ниво. Во машка конкуренција веќе е пријавен четвртиот најдобар на светската ранг листа Ли Сјунгсо од Кореа, додека кај жените своето присуство го потврди Хео Јерим исто така од Кореа – втора на светското рангирање.

Ова е трет настан од овој ранг во 2025 година, по одржување на WTT Contender Skopje 2025 во сениорска категорија и Младинскиот Европски Олимписки фестивал во Скопје.

Back to top button
Close