Пораз на кадетките од Литванија на ЕП во ракомет во Црна Гора

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе уште еден пораз на Европското првенство во Црна Гора. Поуспешни денеска беа ракометарките на Литванија, кои славеа победа со 33:24 (17:12).

Македонија водство од еден гол имаше само во воведните минути од натпреварот до предоста 4:3, а Литванија првпат се „одлепи“ со предноста 12:9 и на полувреме беше 17:12 за ривалките.

Во вториот дел Литванија го зголемуваше водството и на крајот славеше со девет разлика – 33:24.

Кај Македонија најефикасни со по 5 голови беа Марија Димоска, Ања Лашкоска и Елена Балоска.

До крајот на шампионатот Македонија ќе разигрува за пласман од 21-24.место, а само репрезентацијата што ќе се пласира на 21.то место ќе избори опстанок, додека трите последнопласирани ќе „испаднат“ односно ќе играат ЕХФ шампионат за кадетки во 2027 или Б дивизија.

 

Back to top button
Close