Прва женска фудбалска лига стартува на 17.август
Првата женска фудбалска лига на Македонија ќе стартува на 17.август, кога ќе се играат сите натпревари од првото коло. ФФМ денеска со извлекувањето на броевите го одреди распоредот и календарот.
Шампионот ЖФК Љуботен одбраната на титулата ќе ја почне со домашниот натпревар против СЦ Истатов 2015.
Распоред на натпреварите од првото коло:
ЖФК Топ Гол – ЖФК Тиверија Брера
ЖФК Скопје 2014 – ЖФК Кочани
ЖФК Речица – ЖФК – Каменица Саса
ЖФК Љуботен – ЖФК СЦ Истатов 2015
ЖФК Ас Јунајтед – ЖФК Атлетико
Првиот дел завршува на 23.ноември 2025 година, а потоа следува зимската пауза.