(ВИДЕО)Голем пожар во Карпош 4. Гори магацин на фабрика

Очевидци велат дека пламенот за кратко време зафатил објект, односно магацин на фабрика, а низ населбата се шири силна миризба на горење. Вознемирени граѓани јавуваат дека над Скопје кружат и хеликоптери.

 На фотографиите се гледа како пламените јазици излегуваат од покривот на објектот, додека чадот се крева високо над населбата, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.

Во моментов нема информации за евентуално повредени лица, ниту за причината за избувнувањето на пожарот. Очекувањата се дека противпожарните екипи и надлежните институции ќе дадат повеќе детали во текот на денот.

Висео: Скопје1

Back to top button
Close