Јакимовски ги прашува Мицкоски и Лукровски: Како децата од градинките ќе влијаат на подобрување на бизнис климата?

Со барањата испратени од Сотир Лукровски, кого владејачката ВМРО-ДПМНЕ го номинира за кандидат за градоначалник на Карпош, до фирмите, градинките и училиштата во оваа скопска општина, се кршат законите и се врши невиден притисок врз обични стопанственици, сметаат од Општина Карпош.

Затоа, преку соопштение, Општина Карпош го замолува претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, да го посоветува неговиот личен кандидат за градоначалник на општина Карпош, Сотир Лукровски, кој има упатено писмо до секоја фирма поединечно, за средби на кои ќе се разговара за бизнис климата кај бизнис заедницата. Убаво би било господинот Мицкоски да му објасни на својот кандидат, неколку работи.

„Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица а НЕ се фирми. Тие се јавни установи за воспитување, згрижување и образование на децата. Оттука, би било убаво заеднички да ни објаснат, како децата од градинките и основните училишта ќе влијаат на „подобрување на бизнис климата, преку работни средби и преку формирање на заеднички платформи“?’, прашуваат од Карпош.

Сметаат дека Мицкоски треба да му објасни на личниот кандидат дека ги повикува на средба истите оние градинки и основни училишта, на кои неговата партија ВМРО-ДПМНЕ гласаше во Советот на Карпош против Одлуките, да вработените од воспитно образовните установи не земаат плати, против осовременување на наставата преку набавка на смарт – панели, против заштеда на енергија и поставување на фотоволтаични панели, против реновирање на училиштата и градинките;

„Би било чесно од претседателот на Владата да го подискара својот кандидат за градоначалник, дека на ваков начин со директно упатување на покана на адреса на фирмите и установите за наводни средби, врши притисок врз директорите на јавните установи, училиштата и фирмите. И оти ВМРО-ДПМНЕ не треба да се служи со таков вид на притисоци“, поучуваат од Карпош.

„Земањето на податоци од правни лица и праќање на мејлови за бизнис средби како претставник на политички субјект е флагрантно кршење на законите и форма на досега невиден притисок врз обични стопанственици. Во случајов, Лукровски не знае ама премиерот знае, дека кандидат за градоначалник се станува тогаш кога Државната изборна комисија ќе ја признае кандидатурата и дека кампања се води во точно утврден временски рок. Затоа, го повикуваме премиерот Мицкоски да го едуцира својот избраник за начините на водење на

кампања, притоа да избегнува притисоци и доколку тој тоа не го стори, истиот ќе мора да биде корегиран од Основното јавно обвинителство, затоа што прави груби повреди не само на на Изборниот законик, туку и на низа други закони“, се додава во соопштениот на Општина Карпош.

Локалните избори се закажани за 19 октомври 2025, додека вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.

За Карпош ќе трчаат бизнисменот Сотир Лукровски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Мојсова од СДСМ, поранешната директорка на КАРИЛ и поранешна национална координаторка за трансплантација, а актуелниот градоначалник Стевчо јакимовски, сѐ уште не донел одлука, дали ќе се канидира уште еднаш.

Back to top button
Close