(Видео) Горат азбестни плочи: Просториите на Макотекс биле изнајмувани на работилници за какви немало соодветни услови за работа?

t

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Карпош во Скопје, поточно во објектот на некогашната компанија Макотекс.

Објектот според неофицијални информации се користел за сервис на возила.

До редакцијата на Инфомакс пристигнаа сериозни и загрижувачки информации за можната причина за пожарот во просториите на Макотекс.

Имено нашите извори велат дека причината за пожарот била токму оваа работилница и прашуваат дали објектот неправилно бил пренаменет и дали во истиот се користеле непрописно апарати за заварување?

За жал државата не ја научи лекцијата по трагедијата во Кочани во која загинаа 62 лица токму поради несоодветна пренамена на некогашен индустриски објект во угостителски.

Некогашниот гигант во текстилната индустрија сега е компанија која се занимава со изнајмување на објекти и деловни простории, но по денешниот пожар очигледно е дека објектите несоодветно се пренаменети.

Очевидците велат дека кровот кој гори е азбестен и претставува сериозна опасност по здрајето на граѓаните.

Азбестен беше и кровот во дискотеката Пулс во Кочани, а ист тип на кров имаа и трите бараки во Лисиче кои изгореа пред неколку недели.

Пожарникарите и познавачите на состојбите велат дека ваквиот тип на кров претставува сериозна опасност во случај на пожар поради токсичноста на азбестот кога гори, но и поради тешкотијата со која пожарот се гасне.

извор инфоах мк

facebook

Back to top button
Close