Видео: Лазаров и Боки 13 во војна. Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13
До пред неколку месеци блиските соработници Бојан Јовановски Боки 13 и инфлуенсерот Стефан Лазаров влегоа во јавна кавга.
Откако Лазаров порача дека профил кој многу наликува на Боки 13 е крадец, Јовановски му порача дека му е подобро да молчи.
Боки 13 го прогласи Лазаров за медиокритет и му се закани дека ако тој проговори за него, Лазаров ќе мора да се отсели од Македонија. Боки рече и дека тој го измислил Лазаров, кој, пак, ништо не разбира и е неблагодарен.
Боки 13 за Лазаров – Подобро е да ќути да не отворам уста! pic.twitter.com/3CxfZ7rT33
— 24chasa.mk (@24chasamk) August 20, 2025