Условите на Путин за мир: Го бара цел Донбас, неутралност и повлекување на Украина од НАТО

Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот источен регион Донбас, да се откаже од амбициите за приклучување кон НАТО, да остане неутрална и да спречи влез на западни трупи во земјата, изјавија за Ројтерс три извори запознаени со размислувањето на врвот на Кремљ.

Рускиот претседател се сретна со Доналд Трамп во Алјаска во петокот, на првиот руско-американски самит по повеќе од четири години.
Според извори кои сакаа да останат анонимни, речиси целиот тричасовен состанок зад затворени врати бил посветен на дискусија за можен компромис со Украина.

По средбата, Путин рече со Трамп дека се надева дека средбата ќе го отвори патот за мир, но ниту еден од лидерите не даде детали за разговорите.

Во нај деталниот извештај досега од Русија за понудата на Путин, Ројтерс беше во можност да ги скицира контурите на она што Кремљ сака да го види во потенцијален мировен договор за завршување на војната што одзеде стотици илјади животи.

Руски извори наведуваат дека Путин се согласил на компромис околу неговите територијални барања од јуни 2024 година, кога побарал од Киев да ги отстапи сите четири региони што Москва ги смета за дел од Русија: Донецк и Луганск на исток, кои го сочинуваат Донбас, и Херсон и Запорожје на југ.

Киев ги отфрли тие услови како покана за предавање.

Во новиот предлог, рускиот претседател продолжува да инсистира Украина целосно да се повлече од деловите на Донбас што сè уште ги контролира. За возврат, Москва би ги замрзнала сегашните фронтови во Запорожје и Херсон, додадоа изворите.

Според американските проценки, Русија контролира околу 88% од Донбас и 73% од Запорожје и Херсон.

Како дел од евентуален договор, Москва е подготвена да предаде и мали делови од украинските региони Харков, Суми и Дњепропетровск – што ги контролира.

Путин сè уште се држи до барањето Украина да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, со правно обврзувачка гаранција дека воениот сојуз нема да се прошири на исток. Исто така, сака ограничувања за украинската војска и договор дека нема да бидат распоредени западни трупи во Украина, дури ни како мировници.

И покрај новите предлози, двете страни остануваат дистанцирани, повеќе од три години по почетокот на целосната инвазија.

Back to top button
Close