Трамп излегува по улиците на Вашингтон – Со полицијата и војската, ќе патролира низ главниот град на САД
Претседателот на СAД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе патролира по улиците на Вашингтон заедно со полицијата и војската, откако минатата недела нареди распоредување трупи на Националната гарда во главниот град на САД.
„Вечерва, мислам дека ќе излезам на терен со полицијата и, секако, со војската“, изјави Трамп за американската телевизиска станица Newsmax.
Претставник на Белата куќа изјави дека дополнителни детали за плановите на Трамп ќе бидат објавени подоцна.
Трамп претходно нареди распоредување на илјадници членови на Националната гарда и федерални агенти во главниот град, наведувајќи ја потребата да се одговори на она што тој го нарече бран насилен криминал.
Градските власти на Вашингтон ја отфрлија проценката, повикувајќи се на федералните и локалните статистики кои покажуваат дека насилниот криминал значително се намалил од зголемувањето забележано во 2023 година.
Претходно, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и министерот за одбрана Пит Хегсет, ги посетија трупите на станицата Јунион, централната железничка станица во Вашингтон, и покрај присуството на демонстранти кои ги поздравија.