Уапсен малолетник во Тетово поради пронајдена дрога

Тетовската полиција информира дека попладнево во Тетово е уапсен малолетник во Тетово поради пронајдена дрога во неговиот дом.

Кај малолетникот прво биле пронајдени две кеси со марихуана кога полицајци му извршиле претрес на улицата „ЈНА“. – Потоа, при извршен претрес во домот на малолетникот пронајдени се 28 зипер кеси со зелена тревкаста материја, информираат од СВР Тетово.

Малолетникот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Back to top button
Close