Тотенхем подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо
Напаѓачот на Манчестер Сити, Савињо, би можел да ја продолжи кариерата во Тотенхем, објави денеска „Токспорт“.
Според истиот извор, 21-годишниот Бразилец е приоритетна цел на Тотенхем, откако лондонскиот клуб не успеа да го донесе во своите редови Еберечи Езе, кој потпиша за градскиот ривал Арсенал.
Тотенхем е подготвен да плати 70 милиони евра за Савињо.
Во сезоната 2024/25, Савињо одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи три голови, а додаде и 13 асистенции