Џесика Пегула прва полуфиналистка на УС Опен
Американската тенисерка Џесика Пегула е првата полуфиналистка на УС Опен. Таа во првото четвртфинале вечерва без поголеми проблеми ја совлада ланската шампионка на Вимблдон Барбора Крејчикова од Чешка со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2). Пегула, која лани беше финалистан на Грен слемот во Њујорк во полуфиналето ќе игра против победничката од мечот Арина Сабаленка и Маркета Вондрусова. Овој мечот се игра по полноќ.
Во утрешните четвртфинални мечеви кај жените играат: Каролина Мухова – Наоми Осака и Аманда Анисимова – Ига Швјонтек.
Во првото машко четвртфинале вечерва ќе играат Карлос Алкараз против Јиржи Лехечка, а победникот во полуфиналето ќе игра со поуспешниот од мечот што се игра доцна по полноќ меѓу Новак Ѓоковиќ и Тејлор Фриц.
Во утрешните четвртфинални мечеви кај мажите ќе играат: Јан Синер – Лоренцо Мусети и Феликс Ожер-Алиасиме – Алекс Де Минаур.