Трамп: Штабот на Вселенската команда на САД од Колорадо ќе биде преместен во Алабама
Претседателот на САД, Доналд Трамп во денешното обраќање од Овалната соба соопшти дека Штабот на Вселенската команда од сојузната држава Колорадо ќе биде преместен во Алабама.
– Штабот на Вселенската команда на САД ќе се пресели во прекрасно место наречено Хантсвил, Алабама, кое отсега ќе биде познато како Рокет Сити, наведе Трамп.
Тој додаде дека со преместувањето на Штабот на Вселенската команда на САД ќе се создадат 30.000 работни места во Алабама.
Трамп истакна дека во првиот претседателски мандат го формирал Вселенските сили и планирал штабот да биде во Алабама, но администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден привремено го сместиле Штабот во Колорадо.
Вселенската команда вклучуваат спроведување операции како што се овозможување сателитска навигација и комуникација на трупи и обезбедување предупредувања за лансирање ракети.
Алабама и Колорадо долго време се бореа за Вселенската команда бидејќи таа има значајни импликации за локалната економија.
Вселенската команда е задолжена за спроведување операции, како што се овозможување сателитска навигација и комуникација на трупите и предупредувања од ракети