И Томе Аџиев е обвинет во „Моќник“, за нарачана лустрација

Скопското обвинителство денеска информираше дека е поднесено обвинение за случајот „Моќник“, предмет кој беше отворен од веќе згаснатото специјално јавно обвинителство (СЈО). Освен измамата околу нелегалната продажба на објектот во која била сместена општина Пласница, со овој случај е опфатена и нарачана лустрација, од тогашниот пратеник Антонио Милошоски. Па затоа, освен за пратеникот, обвинение е поднесено и за поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев.

Според информациите од обвинителството, Милошоски  умислено го поттикнал Аџиев да отвори повторна постапка за лустрација на судијата Драги Билески.

-Постапката за лустрација била отворена и четвртообвинетиот заедно со деветмина исто така обвинети – членови на Комисијата за утврдување на фактите, како службени лица, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, со умисла, иако знаеле дека не се исполнети критериумите за лустрација донеле одлука за лустрација на оштетениот кој бил времено оддалечен од вршење на функцијата судија во Основен суд Кичево, а потоа со одлука на истиот орган е утврден и престанок на вршење на судиската функција на оштетениот, со што потешко му ги повредиле неговите права, информираат од обвинителството.

Back to top button
Close