Штип нема ниту еден нов позитивен случај на Кoвид 19 

Штип за првпат по речиси четири месеци не се најде во здравствениот билтен, во кој се информира за бројот на заразени со коронавирусот.

Во моментов активни се 258 случаи, а досега од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 1.108 случаи.

Директорот на Клиничка болница- Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА вели дека на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 38 пациенти од кои 30 се позитивни, а осум се сомнителни и се чекаат нивните резултати од брисевите.

Документацијата за поставување на монтажната болница за Ковид 19 е доставена до Министерството за здрсвство и се чекаат наскоро да почнат и градежните активности.

Back to top button
Close