„Призма“: Еден тендер, две адреси, три фирми, ортак и сопружник

Малку е познато дека дел од фасадните материјали за проектот „Скопје 2014“ пред десетина години биле набавувани од Анталија, Турција, од индустриската зона „Алтинова Дуден Махалеси“.

Тие материјали во Македонија ги увезувала фирмата на бизнисменот Мартин Клинчаров. Тој е сопруг на Гордана Клинчароваактуелната државна секретарка во Министерството за дигитална трансформација.

Неговото име беше актуелно во март годинава, кога опозицискиот СДСМ излезе со обвинувања за судир на интереси откако фирмата на Клинчаров доби договори за компјутерска опрема од Министерството каде што работи неговата сопруга. Антикорупциската комисија отвори предмет, но случајот не предизвика посебен интерес во јавноста.

Неколку месеци подоцна, релативно нова подружница на турска фирма добива милионски тендер од Министерството за дигитализација. Тоа не би било невообичаено, доколку при проверката на фирмите и поврзаните лица, повторно не испливува презимето Клинчаров, пишува „Призма“ во најновото истражување.

БИРН пронајде повеќе коинциденции, кои фрлаат сенка врз врските во Македонија на избраната фирма.

Целото истражување може да го прочитате тука.

Back to top button
Close