ВИДЕО Обвинетиот за Кочани Салиу со зурли и тапани ја објави кандидатурата за градоначалник!

Вчера вечер министерот без ресор, Шабан Салиу, кој е обвинет за трагедијата во кочанската дискотека Пулс, ја промовираше својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари, со зурли и тапани низ општината.

Салиу беше уапсен во април годинава, но подоцна му беше определена мерка на претпазливост, која го обврзува да се пријавува двапати неделно во судот. Обвинението го товари за тешки дела против општата сигурност поврзани со неговата поранешна функција како директор на ДЗС во периодот од 2008 до 2017 година.

Шест месеци по кобниот 16-ти март, трагедијата однесе 62 животи, повеќе од 200 лица беа повредени, а семејствата на жртвите продолжуваат да бараат одговори и правда преку маршеви и јавни иницијативи. Родителите на загинатите повторија дека одолговлекувањето на судската постапка без оправдана причина е спротивно на законот.

Оценката на обвинителниот акт за катастрофалниот пожар сѐ уште е во судска постапка. Од Кривичниот суд Скопје велат дека анализата на примените приговори е во завршна фаза и дека по донесувањето на одлуката странките и јавноста ќе бидат навремено известени.

Back to top button
Close