Непотизам во Агенцијата за храна: Директорот си вработил братучед
Игор Трајковски од Кратово е вработен од пред неколку месеци во кабинетот на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Оливер Миланов.
Вработувањето било направено преку превземање од институција до институција, односно Трајковски бил претходно вработен во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделието, во работната единица во Скопје.
Спорно во овој случај е тоа што Оливер Миланов и Игор Трајковски се во роднинска врска, поточно братучеди.
Случајот со вработувањето на роднини во АХВ бил пријавен и во Комисијата за спречување на корупцијата. Според Антикорупционерите, пак, именуван директор на јавна установа не смее да вработува роднини до четврто колено.
Оливер Миланов е инаку син на Стојан Миланов, поранешен пратеник од редовите на Социјалистичка партија, роднина на покојниот Љубисав Иванов – Ѕинго.